Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Илјадници гости од земјава и странство викендов се во Штип. Традиционалниот вкус…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илјадници гости од земјава и странство викендов се во Штип. Традиционалниот вкус на гастрономскиот специјалитет пастрмаилија го наполни градот. Фурните работат без престан, а мирис на тазе испечено месо и тесто се шири низ градот. Повеќе од дваесетина угостители поставени на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ги угостуваат гостите.

„Многу е убаво. Во градот се чувствува позитивна атмосфера, раздвиженост. Преполно е со луѓе. Манифестацијата ни го раздвижи градот и треба оваа манифестација да продолжи да живее“, велат анкетираните посетители.

Успешноста на Пастрмајлијадата не се мери само по изедените пастрмаилии на поставените штандови. Сите сместувачки капацитети се исполнети. Полни се кафулињата, рестораните, а дел од гостите го напуштаат градот и со купено парче облека, земајќи го предвид фактот дека градот е препознатлив и по модната индустрија.

Реклама

„Настанот има повеќекратно значење, најпрвин промоција на кулинарскиот специјалитет, промоција на култура, но исто така има и економско локално значење за нашиот град, затоа што сите сместувачки капацитети се исполнети, а угостителските објекти верувам дека ќе бидат преполни“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Пастрмајлијадата има унифицирана цена, 250 денари, а според првичните анализи, само вчера се изедени околу 10.000 пастрмаилии. Манифестацијата започна вчера со сечење на џиновската пастрмаилија, а вечерва на сцената на Градскиот стадион ќе настапи балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.