Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Налепницата „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ ја нема, а старата цена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Налепницата „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ ја нема, а старата цена се уште стои на рафт. Инспекторите се на терен и проверуваат дали сите маркети, книжари и трговци на големо ги почитуваат својте обврски со мерката „Училишна кошничка“ со која родителите го плаќаат целиот училишен прибор со 15%  попуст. Најголем дел од трговците, според досегашните контроли ги почитуваат обврските.

„На терен се ангажирани над 30 тимови на инспектори, кои вршат инспекциски надзор кај трговците на големо и мало, со цел да се утврди дали се почитуваат обврските поврзани со цените и правилното обележување на производите опфатени со мерката.“- велат од Државен пазарен инспекторат.

Дел од пропустите се неправилно етикетирање, ненаведена или непоставена ознака за „Помалку трошоци – повеќе за тебе“, како и случаи во кои на рафтовите се уште стојат старите цени. Трговците добиле укажувања да ги отстранат недостатоците.

Реклама

„Од досегашните спроведени контроли е констатирано дека мерката генерално се почитува од страна на трговците, при што во неколку случаи биле утврдени помали неправилности. За нив се дадени укажувања до трговците за навремено отстранување на недостатоците, а инспекторите продолжуваат со следење на состојбата на терен. Контролите ќе продолжат и во наредниот период, со цел мерката да се спроведува доследно и да се заштити интересот на потрошувачите.“- велат од ДПИ.

Инспекторите најавуваат дека ќе останат на терен се до истекот на мерката на 30ти септември.

Ранци, тетратки, пенкала, моливи, боички, фломастери, блокови – дел од најпотребниот училишен прибор без кои не може да почне наставниот час и оваа година е поевтин за 15 проценти. Владата веќе трета година по ред дава зелено светло за „училишната кошничка“, со која целта е да се спречи нов удар врз семејниот буџет пред почетокот на учебната година. Од Министерството за образование велат дека сличната мерка во изминатите две години им донела заштеда од околу 2.000 денари на семејствата за секој ученик.