Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оценува дека Соединетите Американски Држави и актуелната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оценува дека Соединетите Американски Држави и актуелната администрација на претседателот Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател, не само во регионот, туку и во Европа.

-Нивната поддршка кон нас останува непроменета не само кога станува збор за НАТО алијансата, туку и во делот на економијата и потенцијалните инвестиции кои што Соединетите Американски Држави ги имаат во Македонија – вели премиерот Мицкоски.

Тука, додава, посебно би го издвоил пристапот со ДФЦ, финансиската корпорација за развој, каде што имав средба со Каролајн Вик, која е практично одговорна за развој и инвестиции низ светот. Финансиското портфолио е околу 200 милијарди долари.

Реклама

-Посетата ја искористивме за средби со различни структури во Вашингтон, со тинк тенкови, финансиски корпорации, за уште еднаш да ја потврдиме нашата определба и исто така да го потврдиме стратешкото партнерство кое го имаме како земја со Соединетите Американски Држави. Она што мене ме радува е фактот дека апсолутно во Македонија и во оваа Влада, Соединетите Американски Држави и актуелната администрација на претседателот Трамп гледаат како на близок пријател, не само во регионот, туку и во Европа, нагласува Мицкоски во Вашингтон.