Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Тројца загинати и 12 повредени во три тешки сообраќајки

Црн биланс на македонските патишта. Три животи згаснаа, а 12 луѓе завршија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црн биланс на македонските патишта. Три животи згаснаа, а 12 луѓе завршија со тешки и сериозни повреди во три одделни сообраќајни несреќи. На автопатот Куманово – Скопје, во близина на Агино Село, се случила сообраќајна незгода во која животот го загубиле две лица, додека три се повредени. Во несреќата директно учествувале две патнички возила – „Мерцедес“ со скопски ознаки, управуван од 65-годишен маж, и „Опел Корса“, исто така со скопски таблички, управувана од 27-годишно лице. Од здобиените повреди веднаш починале двајца сопатници од „Опелот“, а другите тројца во возилото се пренесени на Клиничкиот центар во Скопје, со тешки и полесни повреди. Полицијата го привела возачот на „Мерцедесот“.

Животот го загубила и 17-годишна девојка во тешка сообраќајна незгода на автопатот Битола – Прилеп, во близина на местото „Туланата“. Според информациите, во несреќата учествувале „Опел“ и „Форд“ со битолски регистарски ознаки. Сопатничката во „Опелот“ починала на местото на несреќата.

Тешко повредени се возачот на „Опелот“, 44-годишна жена и 7-годишно дете од Долно Српци, кои биле во „Фордот“. Повреден е и возачот на „Фордот“. Сите биле пренесени во Клиничката болница во Битола.

Реклама

„На 19.09.2026 во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф. (28) од с. Канатларци, прилепско, и патничко возило „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (48) од с. Долно Српци, општина Могила. На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „Опел“, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Возачот на возилото „Опел“, Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и 7-годишно дете од с. Долно Српци, сопатници во возилото „Форд“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола“, велат од МВР.

Тешка сообраќајна несреќа се случила и на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на селото Опеница, во која беа повредени пет лица. Сударот се случил помеѓу „Сузуки Витара“, со скопски таблички, управувано од 67-годишен државјанин на Велика Британија, и „Опел“ со битолски ознаки, управуван од 28-годишен возач од селото Буково. Во Болницата во Охрид и во Специјализираната болница „Св. Еразмо“, лекарска помош била укажана на пет лица кои се здобиле со тешки повреди.