Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Економија

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

– Дата центрите се иднината. Тоа е процес којшто е неповратен. Човештвото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Дата центрите се иднината. Тоа е процес којшто е неповратен. Човештвото се движи во таа насока, а секој кој има дилема, не и мисли добро на сопствената држава, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју што го даде за време на престојот во Вашингтон.

Вели дека Владата гарантира дека овие дата центри за кои се разговара ќе бидат со затворен круг на разладување и нема да трошат многу вода.

– Сите кои не се разбираат во високата технологија, зборуваат за бучава, за водено ладење. Ние сега имаме и воздушно ладење, и фреонско ладење, така што жалам што се уште кај нас постојат и такви политички сили и елементи кои се обидуваат да не вратат повторно во некои времиња на 19, почеток на 20 век, мислејќи дека на тој начин по пат на емоција ќе привлечат внимание, но мислам дека се политички губитници и ќе бидат поразени бидејќи македонските граѓани сакаат да ја видат државата како оди напред, вели Мицкоски.

Реклама

Открива дека веќе се разговара со компанијата Рамбл на Крис Павловски, но и со уште пет други компании. 

– Го спомнавте Крис Павловски и Рамбл – тие сега направија аквизиција, купија компанија во Германија и сега се компанија од околу пет милијарди долари. Тоа е една сериозна групација која сериозно се развива. Да, разговараме со него. Меѓу другото имаме уште пет други компании со кои што разговараме, вели Мицкоски.

Нагласува дека Владата има јасен план поточно економски развој којшто ќе се темели на три столба – инфраструктура, енергетска инфраструктура и висока технологија. 

– Што е главната цел на оваа Влада? Економски развој кој што ќе се темели на три столба – инфраструктура – патна и железничка. Енергетска инфраструктура, производни капацитети и преносни системи. Трето – висока технологија меѓу која се и податочните, дата центри, но и диверсификација на преработувачката индустрија бидејќи најголем дел од нашите инвеститори кои се дојдени од странство во периодот 2008 – 2012 година се во автомобилската индустрија. Таму работите се менуваат, и работиме на диверсификација на ова портфолио. Ова е практично стратегијата на оваа Влада и се што правиме и работиме е во таа насока – како економски да го забрзаме развојот затоа што веќе трудово интензивната индустрија ние нема да можеме да ја сервисираме во иднина, имаме се помалку работна сила, посочува Мицкоски.

Според премиерот, на државата и треба високо технолошка индустрија, со голема додадена вредност, со која што ќе се зголеми Бруто домашниот производ и стандардот на граѓаните.

– Овој процес нема да биде за еден мандат. Ова е процес кој што треба да трае 2-3-4 мандати. Не велам дека оваа Влада ќе биде толку долго, ниту пак јас пледирам да бидам претседател толку долго во Владата. Но во суштина ова треба да биде национална стратегија, како треба да се развива државата. Овој процес е неповратен. Човештвото оди натаму и впрочем ние денес без вештачка интелигенција и некои податочни центри кои што некаде функционираат веќе не можеме да направиме ниту телефонски повик преку мобилен телефон, вели Мицкоски.