Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Работилница на ИФФК „Браќа Манаки“ со лауреатот Џеф Кроненвет

Кинематограферот Џеф Кроненвет, годинашен добитник на наградата „Златна камера 300“ за особен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кинематограферот Џеф Кроненвет, годинашен добитник на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност, одржа раотилница на која говореше за неговиот влез во оваа филмската индустрија, детството и семејството.

Кроненвет потсети на најраните моменти од своето детство, кога филмскиот сет бил дел од неговото секојдневие, на десетгодишна возраст почнал да експериментира со камерата, снимајќи го својот брат и создавајќи мали сцени.

-Татко ми дома носеше камери, па ние бевме субјекти. Кога татко ми го снимаше „Blade Runner“, бев дел од тоа. Тоа беше доста тежок филм, многу ноќи се снимаше. Гледав како снимаат, беше прекрасно искуство, потсети Кроненвет кој потекнува од едно од познатите кинематограферски семејства во Холивуд. 

Реклама

Неговата сопствена кариера подоцна ќе го одведе меѓу најзначајните имиња на современата кинематографија. Препознатлив е по долгогодишната соработка со режисерот Дејвид Финчер, со кого ги создаде визуелните светови на филмовите „Боречки клуб“ (Fight Club), „Социјалната мрежа“ (The Social Network), „Исчезната“ (Gone Girl) и „Девојката со тетоважа на змеј“ (The Girl with the Dragon Tattoo).

За својата работа Кроненвет доби две номинации за „Оскар“, за најдобра кинематографија, за „Девојката со тетоважа на змеј“ и „Социјалната мрежа“.