Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Инфраструктурното уредување, особено во правец на што позабрзан економски и туристички развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфраструктурното уредување, особено во правец на што позабрзан економски и туристички развој на Крушево, е високо на агендата на актуелната локална власт. По повеќе од пет години од изготвувањето на првичниот проект, од летово интензивно се работи на изградбата на Обиколницата во должина од близу 2 километри, која освен што треба да го растовари тешкиот сообраќај во градот, треба побрзо и побезбедно да ги поврзе и скијачките терени на „Станич“. Реализацијата на оваа инвестиција е обезбедена по општинскиот проект уште за првиот повик од Владата за пари од унгарскиот кредит.

„Се работи на Обиколница, проект за Обиколница околу градот Крушево, проект кој, ете, за наша среќа, како што ќе служи за подобрување на животот на граѓаните, ќе придонесе и за економски развој, бидејќи истата го поврзува и Скијачкиот центар „Станич“, но и ќе служи за одвивање на сообраќај на тешки товарни возила кои значително, во моментот, прават голем проблем и голема штета врз имотите на граѓаните на Крушево“, – вели за Алфа, Нико Чонески, градоначалник на Крушево.

Според Чонески, финансиската помош од Владата за општините има огромно значење, особено за оние кои имаат сериозен проблем со наследените долгови по разни основи. Општина Крушево, иако се труди да биде ликвидна, сепак, нејзините долгови направени од училиштата, а особено од комуналното претпријатие „Комуна“, во висина од фрапантни 1,2 милиони евра, силно влијаат врз реализацијата на идните нови проекти.

Реклама

„За да го решиме тој проблем, ние мора да го решиме водоснабдувањето, односно начинот на водоснабдување, бидејќи најголем дел од обврските ги генерира трошокот за електрична енергија… Во овој момент, мора Општина Крушево да ги презема обврските на ЈП, што за нас е голема кочница и не’ спречува, ете, во изработка на проектни документации и.т.н.“, – објаснува Чонески.

Инаку, Општина Крушево, по првиот повик, од Владата добила 60 милиони денари, кои во најголем дел ќе бидат искористени токму за изградбата на Обиколницата, а која се состои од четири делови – приклучок кај чешмата на АРМ, оттука до „Станич“, од бензиската станица „Макпетрол“ кон „Станич“ и приклучок кај „Макпетрол“.