Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСM, кои не сакаат Македонија да се развива, лицемерно се јавија небаре загрижени за животот на граѓаните

Венко Филипче од СДСM, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче од СДСM, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јави небаре загрижен за живејачката на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот.

Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против.

Реклама

Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува.

Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива.

Исто така, Венко Филипче и СДСM ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи.

Иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДСM пак ги нема збор да кажат.

А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина.

Тоа што останува да им порачаме на СДСM, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат.

Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата.