Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Владата и УПОЗ начелно се договорија за пораст на платите во следните три години

Владата и синдикатот на УПОЗ се на чекор до договор за зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и синдикатот на УПОЗ се на чекор до договор за зголемување на платите на 7.700 вработени. По денешната средба, од синдикатот на УПОЗ велат дека начелно е прифатлива понудата за пораст на примањата од 8% годишно во период од три години или вкупно зголемување од речиси 40%. Сепак конечната одлука треба да ја донесат органите и телата на УПОЗ, по што треба да следи потпишување на одделни колективни договори. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски вели дека работниците се задоволни од понуденото, иако побарале 10 наместо 8%, но сепак сметаат дека е добро што порастот на платите ќе го вклучува и зголемувањето на минималната плата. Според пресметките, тоа значи дека ако некој службеник во управата и правосудните органи кој во моментов зема 35 илјади денари месечно, во 2028-та ќе има плата од близу 50 илјади денари.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека ја прифаќаат формулата за пресметка на платите на Владата. Оттаму информираат дека веќе ја започнале постапката за подготовканапоединечниколективнидоговори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност веќе од март, за да не се изгуби времето на работниците. Сепак, велат дека УПОЗ и ССМ свесно го закочиле процесот на зголемување на платите во последниве неколку месеци.

Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди конконкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат – КСС.

Реклама

Разговорите за минимална плата продолжуваат. Сојузот на синдикати не сеоткажува од барањата за пораст на минималната плата на 600 евра наместо законското усогласување од околу1.500 денари, како  и зголемување на сите останати плати за 100 евра. За да издејствува прифаќање на ваквите барања, ССМ За во вторник најави блокади на Собранието, а потоа и на стопанските комори и владата следната недела. ССМ бара и намалување на функционерските плати, односно намалување на коефициентите за 40%. Бизнисмените, пак, од друга страна, велат дека ваквите барања за пораст на минималецот од страна на синдикатите ќе значат голем финансиски товар за нив. Владата е на ставот дека ќе поддржи решение прифатено од двете страни и синдикатите и работодавачите.