Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Викторија Трајков во Ресен: Добриот менаџмент е предуслов за економски силни општини

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, која денеска била во посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, која денеска била во посета на Ресен, остварила средба со градоначалникот Јован Тозиевски, а го посетила и Претор каде извршила увид во изградбата на системот за третман на отпадни води.

На средбата со градоначалникот, како што соопшти ресорното Министерство, заменик-министерката потенцирала дека добриот менаџмент е предуслов за економски силни општини, посочувајќи дека треба да се искористат европските средства со цел да се обезбеди просперитет и благосостојба за граѓаните. Ја нагласила и заложбата на Министерството и на Владата за стимулирање на развојот на општините преку поголема искористеност на европските фондови.

Системот за третман на отпадни води којшто го посетила заменик-министерката Трајков, е дел од проектот „Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливо земјоделство и туризам” финансиран преку програмата ЕУ за Преспа.

Реклама

За проектот преку ИПА 2021 програмата се обезбедени 21,7 милиони евра, а предвидено е да се заврши до јуни 2027 година.

При посетата, заменик-министерката Трајков истакнала дека поддршката на ЕУ е драгоцена за секоја општина и дека Министерството за европски прашања е на располагање на општините и ги стимулира да аплицираат за ЕУ фондовите кои ќе овозможат забрзан развој и подобар живот во општините.