Реклама

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Македонија

Велковски: Во владина процедура се измените на Законот за детска заштита, од 2027 повисока поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Сали Мурати од „Европски фронт“, до каде е најавената реформа на системот на детски додаток и од кога ќе почне примената на новиот модел, Велковски рече дека се разгледуваат сите можности и варијанти бидејќи ваквата реформа бара големи финансиски средства во услови на ограничени буџетски ресурси.

– Работиме континуирано да видиме кој од моделите треба да се преземе како таков и како по чекори да го изведеме комплетно да се воспостави овој универзален додаток – изјави Велковски.

Реклама

Велковски, исто така, најави дека во рок од една до две недели Владата се очекува да донесе заклучоци со кои Министерството ќе пристапи кон донесување на нов Закон за родителство со прецизни чекори и мерки за поддршка на семејствата.

– Во делот на демографијата, како комплетно прашање, бидејќи таму се децата и детската заштита. Веќе е пратена информација во Владата, и таа за брзо време ќе биде со заклучоци, мислам дека за недела до две, каде што ќе се задолжиме како Министерство да донесеме нов Закон за родителство, каде што ќе се дефинираат и конкретни чекори во самиот закон согласно акцискиот план којшто ќе биде изгласан од страна на Владата. Во Законот за родителство се предвидуваат мерки и активности за поддршка на самите семејства и во тоа да имаат, да создадат семејство, да имаат дечиња и тие дечиња да имаат одредена заштита од страна на државата, односно поддршка – изјави Велковски.

Велковски, во одговорот, се осврна и на клучните активности, реформи и предизвици во сферата на детската заштита и демографијата кои ги прави министерството во изминатите четири месеци, откако ја презеде функцијата.

– Во делот на капиталните инвестиции, односно веќе ако претходно говоревме за овие две години за 40 детски градинки, денеска говориме веќе за 50 објекти коишто ќе бидат на располагање, коишто се започнати со реализација, започнуваат и се во програмите за реализација и во следните две години ќе бидат комплетно реализирани да бидат на располагање на опфатот на дечињата коишто го имаме во делот на детската заштита, односно од 0 до 6 години – изјави Велковски.

Со ова, според Велковски, се очекува да се расчистат листите на чекање за над 4.000 дечиња.

Велковски, исто така, нагласи дека во изминатите четири месеци од неговото раководење со ресорот интензивно се работи на воспоставување систем на комплетна грижа и поддршка за секое дете, посочувајќи дека детскиот и образовниот додаток редовно се субвенционираат за дечињата од критичните категории кои се приматели на гарантирана минимална помош или имаат приходи под минималната плата, со цел ублажување на сиромаштијата.

Во однос на стратегијата и акцискиот план за демографија, Велковски, информираше дека таа веќе е одобрена и доставена во Влада и дека очекува за брзо време и таа да се најде во собранието на одобрување.