Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Божиновска на P-TEC: По три децении зависност од еден извор на гас, се отвораат нови енергетски правци и регионални поврзувања

Три децении имавме само еден извор за снабдување со природен гас –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три децении имавме само еден извор за снабдување со природен гас – преку Бугарија. Сепак, монополот не е добро решение, особено за земја без излез на море. Затоа одлучивме да обезбедиме алтернативи, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на панелот „Зајакнување на европската енергетска безбедност: отпорност на критичната инфраструктура и диверзификација на снабдувањето“ во рамки на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава.

Таа посочи дека регионалната соработка е врвен приоритет, бидејќи ниту една земја не може да обезбеди долгорочна енергетска сигурност изолирано од регионалните пазари и инфраструктурните поврзувања и додаде дека зејмава гради нова енергетска инфраструктура, отвора алтернативни правци за снабдување и ја зајакнува отпорноста на критичната инфраструктура, како дел од стратешкиот пристап кон поголема енергетска сигурност.

Божиновска, информираат од МЕРМС, истакна дека изградбата на гасниот интерконектор со Грција се очекува да заврши во јуни следната година, а цевководот е подготвен и за транспорт на водород. Паралелно се работи на гасното поврзување со Србија, со што земјата ќе добие нови можности за пристап до регионалните пазари и дополнителни извори на снабдување.

Реклама

Во делот на електроенергетиката, Божиновска информираше дека се преземаат активности за поврзување со Албанија, додека како значаен чекор во диверзификацијата го посочи и повторното ставање во функција на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати со Грција, кој по 12 години неактивност започна да работи оваа година.

Говорејќи за отпорноста на критичната енергетска инфраструктура, министерката нагласи дека новите безбедносни предизвици, вклучително и сајбер-нападите и заканите од дронови, бараат поинаков пристап во планирањето и управувањето со енергетските системи.

– Државите се тие што треба да ги креираат политиките и законодавството, за приватниот сектор да може да ги имплементира. Но, неопходна е голема соработка. Треба да ги слушнеме инвеститорите, а истовремено да ја заштитиме критичната инфраструктура – рече Божиновска.

Посебен акцент во дискусијата беше ставен на предизвиците во синџирите на снабдување и долгите рокови за набавка на клучна енергетска опрема. Божиновска посочи дека еден инвеститор заинтересиран за изградба на гасна турбина го добил првиот достапен термин за испорака дури во 2032 година, што ја покажува сериозноста на предизвикот со кој се соочуваат енергетските проекти.

Таа нагласи дека новите инвестиции мора уште во фазата на планирање да ги земат предвид технолошките промени, потребата од резервни системи и новите ризици, особено во услови на брз развој на вештачката интелигенција, податочните центри и новите енергетски технологии.

– Она што се случи во Украина и последните геополитички случувања се важна лекција. Денес мора да размислуваме за резервни решенија, технологија и поголема регионална соработка. Енергетската инфраструктура се менува и станува сè позависна од технологијата – истакна министерката.

Во однос на активната заштита на енергетската инфраструктура и улогата на НАТО, Божиновска оцени дека со зголемувањето на заканите од дронови и сајбер-напади, механизмите за консултации и координација во рамки на Алијансата ќе добиваат сè поголемо значење.

На панел-дискусијата учествуваа и министерот за енергетика на Литванија, Лукас Савицкас, Пјер Бешелани, претставник на Fluor, и Роџер Мартела од GE Vernova. Дискусијата ја модерираше Бенџамин Шмит од Универзитетот во Пенсилванија.

Седмиот состанок на P-TEC во Варшава ги обединува владините претставници, меѓународните институции и лидерите од енергетскиот сектор од Европа и САД, со фокус на енергетската безбедност, стратешката инфраструктура, диверзификацијата на снабдувањето и трансатлантската енергетска соработка.