Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование

Оптимизацијата на училишната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оптимизацијата на училишната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование – нагласи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска додавајќи дека тоа е покажано и докажано во други земји кои пред нас ги спроведувале и кои имаат едносменска и целодневна настава, а во моментот многу побогати и понапредни земји од нашата. 

Прашањата до Јаневска ги постави пратеникот од СДСМ Димитар Ковачевски, кој рече дека до него стигнале од граѓани и наставници во училишта, а најави дека низа прашања до министерката ќе достави и по писмен пат. 

– За спроведување на оптимизацијата и едносменската настава имаме поддршка од УНИЦЕФ, кои имаат направено сериозна анализа за вишокот на паралелки и вишокот на наставници и оптимизациски план. Реформите во образованието се добри и тоа го поддржува и Извештајот на Европската Унија за 2026 година. Вие го имавте пред вас и можевте да видите дека имаме релативно добар извештај – рече Јаневска. 

Реклама

Во едносменска настава имаме вкупно 1023 училишни објекти, од нив 914 се објекти на основни училишта, а во 583 централни и подрачни училишта има едносменска настава во 109 објекти. Во 37 од средното образование исто така има едносменска настава.

– Точно е дека ние затворивме околу уште 33 училишта, затоа што нема првачиња. Но, за да ги социјализираме, за да ги поттикнеме на натпревар, за да им направиме емотивни врски, за да ја намалиме хиерархијата на малите групи каде што еден е водач, другите нели имаат други улоги, значи тоа се социјални елементи кои децата што учат во мали групи, ако се преселат во поголеми групи, ќе имаат бенефит од овие социјални елементи. Оттука сметам дека треба да продолжиме со ова – рече Јаневска.

Министерката рече дека конкретни бројки за наставниците не може да каже, но нагласи дека факт е дека ниту еден наставник не изгуби работа, а нема да има ниту трансформации.

– Во минатото образованието, веројатно и некои други сектори, служеле за купување на социјалниот мир. Факт е дека тоа го правеле сите влади во минатото. Нема да има трансформација, нема да има вработување освен таму каде што е неопходно. Во градот Скопје имаме таква потреба, но во одредени градови и места населени во земјата навистина нема таква потреба и ќе ги заменуваме наставниците во моменти на пензионирање на наставниците, евентуално од некои други причини ако ја напуштат својата работа – рече Јаневска.

Била во посета на неколку училишта како Долни Балван, каде децата се префрлија во училиште во друго село во поголемо училиште и се дружат со повеќе деца.

– Лично се уверив во разговор со децата, во разговор со наставничката која дојде со нив, дека се презадоволни од ваквата ситуација. Има уште неколку такви училишта во коишто сум била за да проверам. За анализи е рано. Тие треба да завршат, нели, со школската година, за да ги направиме анализите каков е ефектот во однос на квалитетот на образованието – рече министерката за образование.

Јаневска повторно повика фокусот да биде кон квалитетот на образованието потсетувајќи ги пратениците дека законите за високо образование не се донесени.

– Ова што го правиме како влада, го правиме за подобар квалитет во образованието, за подобар квалитет и стекнување на знаење, вештини и компетенции на децата. Ќе повторам дека резултатот нема да го видиме следната година. Ние анализата ќе ја направиме, резултатите ќе ги видиме после осум, девет или десет години – рече министерката за образование.