Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Бендевска се сретна со амбасадорката на Народна Република Кина, Сјаојан

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска оствари средба со амбасадорката на Народна Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан. Средбата помина во духот на пријателството и заемното почитување, при што беа разменети мислења за актуелните состојби и можностите за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на продлабочувањето на парламентарната соработка, информираат од собраниската прес-служба. 

Во разговорот била истакната важноста на континуираниот политички дијалог, меѓусебното разбирање и почитување, како и размената на искуства и добри практики меѓу законодавните институции. Било нагласено дека парламентарната дипломатија има значајна улога во градењето мостови на соработка, зајакнувањето на довербата и отворањето нови можности за поврзување на двете земји и нивните граѓани.

-Особено внимание беше посветено на можностите за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес, особено во сферата на културата, образованието, науката и младинската размена, поттикнувањето на студентската размена, академската соработка меѓу универзитетите, размената на студенти и истражувачи, како и отворањето нови можности за стипендии и образовни програми. Ваквите форми на соработка претставуваат важна можност за младите генерации да стекнуваат нови знаења, искуства и перспективи, но и да придонесуваат кон подобро меѓусебно запознавање на двете култури – се вели во соопштението од Собранието.

Реклама

Потпретседателката Бендевска ја истакнала важноста од одржување редовни контакти и интензивирање на институционалната комуникација, особено преку воспоставените парламентарни групи за соработка, како значаен механизам за размена на ставови, искуства и иницијативи од заемен интерес.

Соговорничките ја потврдиле важноста на пријателските односи меѓу двете држави и изразиле подготвеност за нивно натамошно унапредување преку отворен дијалог, меѓусебна почит и конкретни активности кои ќе придонесат за поблиско поврзување на институциите и граѓаните на двете земји.