Реклама

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Македонија

Николоски: Од 1 јануари државата ќе биде единствен организатор на онлајн игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

Според Николоски, со измените на Законот за игрите на среќа се воведуваат построги ограничувања во однос на рекламирањето и локациите каде што можат да се организираат игрите на среќа, како и значително зголемување на давачките за приредувачите.

– Фактичката примена на законските измени почнува од 1 јануари. Од тогаш единствен субјект што ќе може да ги организира онлајн игрите на среќа ќе биде државата преку Државна лотарија, а истото ќе важи и за видеолотариските терминали (ВЛТ), каде што државата ќе биде единствен организатор преку еден субјект – одговори Николовски. 

Реклама

Тој посочи дека по формирањето на актуелната Влада биле укинати лиценците на три компании поврзани со организирање онлајн игри на среќа и платформата „ТуВин“, која била дел од „Казино Австрија“ и системот на ВЛТ терминали.

Николоски нагласи дека за овој случај се водат и судски постапки.

– Во тек е активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и останатите обвинети. Очекувам судот во ефикасна постапка да ја заврши оваа работа и одговорните да сносат одговорност за стореното, рече тој. Осврнувајќи се на функционирањето на секторот за игри на среќа, рече Николовски и потенцира дека е неопходна строга државна контрола со цел да се спречи нелегално организирање и концентрација на пазарот.

Воедно, тој повика надлежните институции, вклучително и Обвинителството, Финансиската полиција и Финансиското разузнавање, да ги проверат сите наводи што се појавуваат во јавноста и кои се поврзуваат со работењето во оваа област.

Истакна дека е потребна е строга државна конторла за да не се случи како во минатото да работи „црниот пазар.”

– Имаме деновиве еден интересен случај во јавноста, поврзан со Ива Михаилова. Јавноста заборава дека нејзиниот татко беше осуден токму како дел од акцијата „Детонатор”, којашто во периодот некаде пред 2013 години значеше сузбивање на нелегално организирање на игри на среќа. Се сеќавате на десетици апарати коишто беа извадени на плоштад од Македонија, каде што беа покажани апаратите на коишто нелегално се организирале игри на среќа.

А мислам дека јавноста заслужува одговор на уште едно прашање, а тоа е дали тоа што поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, не го потпиша Законот за игри на среќа, којшто го донесе претходниот парламентарен состав, можеби е поврзано со изградбата на зграда во Влае на неговиот директор на Агенција за разузнавање Ерол Муслиу. Односно, дали едното и другото се поврзани и каде води трагата на парите? Ги повикувам, еве, по допрен глас да постапат и од обвинителството и од финансиската полиција и од финансиското разузнавање во однос на оваа работа” – додаде Николоски

Пратеничката Мојсоска во прашањето обвини дека Владата не го исполнила ветувањето за укинување на платформата „Мегавин“, посочувајќи на, како што рече, спорни договори поврзани со Државна лотарија и бугарската компанија „МДД Софт“.