Осум месеци затвор и три илјади евра парична казна. Ова е пресудата на Основниот кривичен суд за Игор Дашковски Стојановски, кој беше обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Тој е осуден за кривичното дело загрозување лица и објекти под меѓународна заштита. 44-годишниот скопјанец призна вина и на судот му кажа дека самиот ја донел одлуката со бензин да ги полие и запали двата автомобили.