Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Нов апарат за дијагностика на невролошки заболувања во Прилепската болница, втор во градовите во Македонија

Од денеска во амбулантата на невропсихијатриското одделение при Прилепската болница почна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска во амбулантата на невропсихијатриското одделение при Прилепската болница почна со работа нова дијагностика за пациентите со нов ЕЕМГ апарат. Овој нов софистициран апарат ќе се користи за дијагноза на периферни невролошки болести. Може да го користат и ортопедите при болницата. 

-Со оваа метода во нашата болница од овој месец за првпат започнуваме, иако методата не е нова.  Имаме доктор субспецијалист по неврологија, а имаме и уште четворица невролози, имаме и медицински сестри кои беа на едукација на Клиниката за неврологија. Оваа метода е оној сегмент што недостасуваше во неврологијата. Покрај тоа што во болницата се изведуваат тромболица, доплер на каротиди, ЕЕГ, лекување на другите невролошки заболувања, ова беше тој сегмент што недостасуваше. Пациентите сега не ќе треба да патуваат во другите градови, а апаратот е набавен со средства на болницата, рече Кире Јоноски, директор на прилепската Општа болница. 

Кабинетот со новиот апарат за дијагностика многу значи за пациентите кои не треба да се малтретираат и да патуваат во Скопје.

Реклама

-Кабинетот со ЕЕМГ апаратот многу ќе значи за пациентите и се надевам дека другите јавни здравствени установи ќе го следат овој тренд. Во Прилепската болница сме со шефот на неврофизиологија , д-р Бојан Бошкоски кој беше вклучен во едукацијата на кадарот кој ќе работи во Прилепската болница. Тимот е подготвен да им излезе во пресрет на пациентите. Апаратот за дијагностика има широка примена и пациентите ќе имаат голем бенефит, рече д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија од Скопје. 

По Кавадарци, ова е втор апарат за дијагностика во јавно-здравствените установи во Македонија.

На невропсихијатриското одделение во прилепската Општа болнница „Борка Талески се пет невролози, а има лекари и на специјализација. Болницата работи на одвојување на функционирањето на невролошкото од психијатриското одделение.