Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Вечна слава на големиот мајстор: Две години од смртта на македонскиот композитор Кире Костов

На 27 јули 2023 година на 73-годишна возраст, во Скопје почина големиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 27 јули 2023 година на 73-годишна возраст, во Скопје почина големиот македонски композитор Кире Костов.

Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.

Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар. Како диригент на Танцовиот оркестар на МРТ (1988) за нејзините потреби има реализирано снимки од преку триста наслови. Ги реализирал сите Скопски фестивали од 1991 наваму.

Реклама

Учествувал три пати со своја програма и еднаш со нашите гости Душко Гојковиќ и Џани Басо на Скопскиот џез фестивал.

Исто така со своја програма настапил на Олимпос џез фестивал во Солун – Република Грција во 2000 год. кој што за нас и за нашата држава беше од голема значење. Со тој настап кој што беше директно пренесуван од грчката ЕРТ телевизија, а македонската телевизија го пушти во употреба нашиот сателитски канал.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година.

Бил уметнички директор на Интерфест – Битола, фестивалот за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија.

Кире Костов е роден во 1949 година во Битола.