Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации

Централното градско подрачје на Штип мета на вандали, уништени се садници со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централното градско подрачје на Штип мета на вандали, уништени се садници со цвеќе, исечени се новогодишни силијаци и оштетена е урбана опрема. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на социјалните мрежи објави фотографии од вандалскиот чин. Тој вели дека во изминатите денови сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види: исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема во централното градско подрачје.

-Овие девијантни однесувања не се само вандализам, туку директен удар врз заедничкото добро, врз трудот и вложувањето на Општина Штип и врз сликата на нашиот град. Како градоначалник, остро реагирам и упатувам апел до СВР Штип за преземање соодветни мерки и санкции кон сите кои свесно го нарушуваат јавниот ред и имот. Таквото однесување не само што ја загрозува безбедноста, туку ја понижува заедницата која секојдневно се труди да гради поубав и поуреден Штип, напиша Јорданов.

Тој  упатува и искрена молба до сите граѓани дека Штип може да биде онаков каков што секој граѓанин го посакува, но само ако секој од нас покаже свест, грижа и одговорност.

Реклама

-Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор, да ги заштитиме инвестициите и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме. Да бидеме внимателни, да реагираме кога ќе видиме уништување и да покажеме дека Штип знае да се грижи за она што е заедничко. Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме, вели Јорданов.