Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ваљбон Лимани ги претстави мерките за поддршка на младите, учениците и семејствата

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција претстави пет мерки кои ќе почне да ги спроведува по преземањето на функцијата. Мерките се во облик на финансиска поддршка семејствата, младите, жените и повозрасните членови на семејствата.

– Покажавме дека знаеме како да ги спроведуваме одлуките. Минатата година издвоивме 100 евра за секое семејство со новородено дете и ќе ја продолжиме оваа мерка и оваа година, рече Лимани.

Кандидатот на овие избори, кој е поддржан од Националната алијанса за интеграција, нагласи дека младите ќе бидат главен приоритет во неговата програма и кажа дека оваа година 30 стартапи на млади ќе добијат поддршка од по 60 илјади денари. На тој начин, како што рече, инвестирањето во нашите млади е инвестирање во иднината на Гостивар.

Реклама

Жените кои ќе почнат некоја бизнис идеја и ќе почнат да стопанисуваат, ќе добијат дополнителна поддршка од општината.

– Развојот не може да биде целосен без јакнење на жените. Секоја година, триесет, жени и девојки ќе бидат финансиски поддржани за нивните деловни иницијативи, рече Лимани.

Тој го презентираше и проектот за пензионирани баби и дедовци кои ќе ги чуваат внуците и за нивниот ангажман тие ќе добиваат еднократно по 30 илјади денари.

Во правец на поголема безбедност во училиштата ќе биде воведена нова активност.

– Во секое училиште, ќе ја спроведеме програмата „Амбасадори на безбедност и почит“ во секое училиште. На тој начин учениците ќе се заштитат едни со други и ќе градат училишта без малтретирање, рече кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани.

Лимани нагласи дека овие мерки не се ветувања, туку конкретен план за акција за пофер и поразвиен Гостивар.