Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

В понеделник се очекува да се комплетира листата со експерти кои ќе утврдуваат дали се вршеле непотребни операции кај пациенти во приватните болници

В понеделник се очекува да се комплетира листата со имињата на експертите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В понеделник се очекува да се комплетира листата со имињата на експертите со кои Министерството за здравство ќе потпише договор со цел да утврдат дали се вршеле непотребни операции кај пациенти во приватните болници, изјавил минитерот за здравство Азир Алиу.

Алиу потврдил дека еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија.

Одлуката за ангажирање на странски експерти според министерот Алиу е со цел поголема објективност и утврдување на вистинската слика.

Реклама

Министерот пред два дена изјави дека приватните здравствени институции ќе мора задолжително да ги отворат нивните бази на податоци за да се следи здравствената патека на секој граѓанин.

-Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела, и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15. наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме сите постоечки информации што се таму во нивните институции. Ова е право на државата. Бидејќи секој граѓанин директно или индиректно придонесува кон здравствениот систем во државата и кон Фондот и затоа, ние мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин во земјава, рече Алиу.

Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски вчера упати апел до можните оштетени граѓаните во кардиохирургијата и до сите други пациенти, да поднесат жалби. Изјавата на Клековски доаѓа откако кардиохирургот, Сашко Кедев пред неколку дена изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции. По оваа изјава МЗ најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика.