Богданци долго ќе го памти чадот од автомобилот во кој жива изгоре 17 годишна девојка. Две мртви лица пронајдени вчера вечерта во близина на „Ичева Чешма“ во Горно Село. Во јавноста се шират сомнежи за убиство и самоубиство. Алфа дознава дека станува збор за 21 годишно момче и неговата 17 годишна девојка. Неофицијално, по пријавата во полиција, прво било пронајдено телото на момчето, обесено покрај запалениот автомобил, а кратко потоа, во возилото било пронајднео и телото на девојката.
„На местото на настанот било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г. (21) од Богданци“, соопштија од МВР.
Кобниот случај имал своја предисторија. Според официјално непотврдени информации, девојката претходно била изложена на насилство и закани од момчето. Нејзините родители направиле се за да ја заштитат. Пред околу еден месец насилството го пријавиле во полиција, по што 21-годишникот бил приведен за физички напад на својата девојка. Исплашени за нејзината безбедност, и за да оддалечат од момчето, родидителите ја засолниле својата ќерка надвор од Богданци. По речиси еден месец, девојката се вратила во родниот град, а нејзиното момче поради се уште непознати причини го извршило овој ужас.
За случајот е известено Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по извршениот увид, телата биле предадени на обдукција, која треба да помогне да се утврдат причините за смртта на двете лица. Полицијата и обвинителството треба да ги откријат причините за оваа трагедија.

