Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Увид во изградбата на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ Илинден

Во посета на општина Илинден беше премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во посета на општина Илинден беше премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и пратеничката Драгана Бојковска, извршија увид во тековните градежни активности за изградба на нова училишна зграда во рамки на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Со изградбата на новиот објект ќе се овозможи над 1000 ученици да ја следат наставата во една смена, што претставува значаен чекор кон подобрување на условите за учење и создавање инклузивна и современа образовна средина. Објектот ќе зафаќа површина од над 900 квадратни метри на два ката, со 10 училници, 6 тоалети, од кои 2 се наменети за лицата со посебни потреби, лифт за нивна непречена мобилност, 2 простории за складирање и наставничка канцаларија.

Овој капитален проект се реализира во соработка со Владата и Министерството за образование и наука и претставува уште еден значаен чекор во насока на создавање квалитетен, достапен и модерен образовен систем за сите ученици во општина Илинден.

Реклама

Градоначалникот Георгиевски истакна дека со реализација на проектот ќе се создадат услови за унапредување на воспитно-образовниот процес, овозможувајќи современо, инклузивно и интегрирано образование, каде учениците ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и практични вештини.

Министерката Јаневска, пак, нагласи дека проектот е од исклучително значење, бидејќи едносменската настава дава голем број придобивки, како за самите ученици, така и за наставниот кадар и за родителите.

Премиерот Мицкоски посочи дека Општина Илинден, како една од најбрзорастечките општини, континуирано реализира проекти од суштинско значење за локалното население, што се потврдува и преку нивната силната и континуирана поддршка.