Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Усвоен буџетот за 2026-та година во Собранието

Со 71 глас „за“ пратениците го усвоија буџетот за следната година. Власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 71 глас „за“ пратениците го усвоија буџетот за следната година. Власта и опозицијата се судрија околу нивото на капитални инвестиции. Пратениците од СДСМ критикуваа дека намалувањето на клучните проекти од 770 на 660 милиони евра било доказ дека тој не носи раст и развој. Пратениците од власта, пак, велат тоа е реалната сума која може да се реализира, а парите да не се пренасочуваат потоа за плати и пензии. Догодина треба да продолжи изградбата на патната и железничката инфраструктура долж коридорите 8 и 10д, како и бројни проекти во одбраната, здравството и образованието.

Пратениците од опозицијата обвинуваа за доцнење на надоместот за породилно отсуство, како и за поврат на ДДВ за граѓаните и фирмите. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека токму СДСМ е партијата која селективно ја делеше владината помош кога беше на власт.

Буџетот за 2026-та „тежи“ 6,7 милијарди евра. Во државната каса треба да се соберат 6,1 милијарда евра. Тој е скроен врз основа на проекции за раст на економијата од 3,8% и  намалување на инфлацијата на ниво од 2,5%. Буџетскиот дефицит, исто така треба да биде намален на 3,5% од БДП. Ќе се издава еврообврзница во висина од 950 милиони евра, а дома Владата ќе се задолжи за 570 милиони евра. Со овие пари треба да се покрие дефицитот и да с еврати еврообврзницата од 700 милиони евра од 2020-та година. Повеќе пари ќе има з п ензии, плати и социјални трансфери, а од даноци треба да се соберат за 6% повеќе финансии.