Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Успешно тече рехабилитацијата на втората група повредени од пожарот во Кочани на Пониква

Успешно тече рехабилитацијата на втората група повредени во дискотеката Пулс, кои од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно тече рехабилитацијата на втората група повредени во дискотеката Пулс, кои од вторникот престојуваат во одмаралиштето на МВР, во Пониква. Кај добар дел од младите луѓе има значително подобрување во моторика.

Со нив работат четворица физиотерапевти од штипска и кочанската болница. Под постојан надзор се на специјалист- физијатар, како и специјалисти од Пластична хирургија од Скопје, кои го следат развојот и заздравувањето на лузните. Видно подобрување има и во психолошкиот момент. Три дена во неделата имат групна психолошка поддршка, а на доброволна база се организира и индивидуални средби.

„Кај поголем процент кај нив има значителни подобрувања на целокупниот фонд на движења. Се врши проценка од физијатар од КБ-Штип, кој врши проценка даали треба некаде да се менува теркот на физикалната терапија. Подобрување има и во психолошкиот момент„ изјави д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, директор на Општа болница-Кочани.
Рехабилитацијата на Пониква, добро влијае и на нивната ресоцијализација. Во поладневните часови се организират кино проекции, спортски активности, а добар дел од младите во одмаралиштето учат и се подготвуваат за испити.

Реклама

„Бидејќи се поголеми групи, наизменично имат период кадешто имат масажи, индивидуална физикална терапија, групни вежби, вежби за дишење. Во попладневните часови на зајдисонце имат вежби на отворено, групни спортови, пешачење. Имат постојано активности„ изјави д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, директор на Општа болница-Кочани.

Досега во одмаралиштето на Пониква, во првата и втора група вкупно се рехабилитираат околу деведесеттина од повредените.