Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Уште две нови пријави за штипскиот професор за сексуално вознемирување на малолетнички

Уште две малотенички се пожалиле од непристојното однесување на 65 годишниот наставник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште две малотенички се пожалиле од непристојното однесување на 65 годишниот наставник и сопственик на Образовниот центар од Штип. По првичните пријави од три девојчиња, вчера во полицијат аимало уште две пријави, дознава Алфа. И тие се жалат дека наставникот ги допирал. Ова засега се непотврдени информации, бидејќи од СВР-Штип, но и Центарот за социјални работи кои активно се вклучени во постапката, не откриваат нови детали за случајот. Оттаму посочуваат дека станува збор за исклучително сензитивна постапка, со оглед дека жртвите се деца помлади од 15 години. Вчера Основното јавно обвинителство информираше..

Донесено е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три деца кои не наполниле 15години. Осомничениот, последователно од септември 2023 година до 11.05.2026 користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13,11 и 10 години, им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото“ велат од ОЈО.

Случајот излезе на површина откако во понеделникот, девојченце од четврто одделение се пожалило дома дека во изминатиот период за време на дополнителната настава по телото била пипкана од 65 годишниот маж. Случајот веднаш го пријавиле во полиција, а потоа следа и дополнителни пријави од девојчиња кои оделе во Образовниот центар. Од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30дена.