Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Учениците од ООУ „Стив Наумов“ во посета на Основниот кривичен суд Скопје – едукација за малолетничка деликвенција и правосудниот систем

Учениците од деветто одделение при ООУ „Стив Наумов“ – Скопје денеска го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од деветто одделение при ООУ „Стив Наумов“ – Скопје денеска го посетија Основниот кривичен суд Скопје, каде што преку едукативна и интерактивна средба имаа можност непосредно да се запознаат со функционирањето на правосудниот систем, како и со предизвиците поврзани со малолетничката деликвенција и нејзината превенција – соопштуваат од судот.

Во рамките на посетата учениците биле информирани за постапките што се водат кога во нив се инволвирани малолетни лица, за законските мерки и санкции што се изрекуваат, како и за процесот на ресоцијализација и повторно вклучување на младите во општеството. Посебен акцент бил ставен на превенцијата од девијантни и деликвентни однесувања, улогата на семејството и образованието, како и значењето на навремената институционална поддршка.

– Учениците имаа можност да се запознаат и со просторните и техничките услови за работа во судот, организацијата и функционирањето на судската служба, како и со безбедносните протоколи што ги спроведува судската полиција. Во текот на посетата тие разговараа со в.д. претседателката на судот, со судии, како и со пробациски службеници, кои преку конкретни примери од правосилно завршени предмети им ги доближија последиците од однесувања што може да доведат до кривична или прекршочна одговорност – стои во соопштението од Кривичен.

Реклама

Преку отворен дијалог и едукативен пристап учениците добиле подетален увид во улогата на судот во заштитата на правата на малолетниците, но и во механизмите што институциите ги применуваат за нивна ресоцијализација, поддршка и насочување кон правилен личен и општествен развој.

– Воедно, Основниот кривичен суд Скопје ги охрабри учениците своето слободно време по завршувањето на учебната година да го искористат за волонтерски активности и практична настава во судот во рамките на проектот „Учиме преку познат работодавач“. Целта на проектот е младите одблиску да се запознаат со правосудниот систем и правната професија, како и да стекнат практични знаења доколку во иднина одлучат своето образование и професионален развој да ги насочат во областа на правото – дополнуваат од таму.