Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Убиство во Битола – маж со нож ја избоде до смрт својата сопруга

Ужасен крај за 31-едно годишната Ајнет Вејсел од Битола. Нејзиниот 33 годишен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ужасен крај за 31-едно годишната Ајнет Вејсел од Битола. Нејзиниот 33 годишен сопруг, со кого не живееле заедно веќе подолго време, утринава нешто пред 7 часот, по жолчната расправија, ја нападнал со нож и ја избодел до смрт. Ајнет беше мајка на 4 деца. Роднините во шок раскажуваат дека сопружниците биле разделени, недоразбирањата меѓу нив биле чести, но жртвата не го пријавувала заради децата. Тврдат дека убиецот не можел да се помири дека го оставила и со децата замина кај нејзиниот татко. Ја убедувале да го пријави, не никогаш не го сторила тоа. Најновиот случја на фемицид се случил во битолската населба „Баир“, на улицата „5-та“. Монструозниот чин го потврдија и од СВР Битола од каде информираат дека осомничениот веќе е и приведен.

„Денеска, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, – се вели во соопштението од СВР Битола.

На местото на трагедијата, увид извршил и дежурен Јавен обвинител од битолското Обвинителство. По негов налог, телото на починатата е предадено на обдукција, а од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.

Реклама

„Осомничениот за извршувањето на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него, Обвинителството ќе ја информира јавноста“, соопштуваат од ЈОРМ.

Инаку, според досега објавените податоци, само од почетокот на годинава се евидентирани најмалку четири случаи со смртен исход, а поврзани со семејно или родово базирано насилство. Додека во периодот од октомври лани до март годинава регистрирани биле шест убиства на жени, а во 2025 година имало 1754 новоевидентирани жртви на семејно насилство, од кои дури 1269 биле жени. Заради ваквите фрапантно-загрижувачки бројки, државата веќе презема мерки за итни законски измени со цел системски подобро да бидат заштитени жртвите на семејно насилство. Предвидено е да се менуваат дури 8 закони, со кои ќе се менуваат полициските овластувања, законот за кривична постапка, за бесплатна правна помош, за спречување и заштита од семејно насилство, за социјална заштита и за правда на децата.

Каролина Дурло