Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна

Се помалку време останува за избор на нов гувернер на Народната Банка.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се помалку време останува за избор на нов гувернер на Народната Банка. 7-годишниот мандат Анита Ангеловска Бежоска истекува за неполни две седмици, а претседателката Гордана Силјановска Давкова се уште нема одлучено околу нејзиниот избор и не излегла со конкретен предлог за кандидат кој ќе треба да го гласа Собранието и кој би ја преземал функцијата.

Во игра за нов гувернер се повеќе имиња на професионалци во банкарската фела и во светот на финансиите. Гувернерката се уште нема соопштено дали сака да „се трка“ за нов мандат, на што законски има право.

Првата опција е токму тоа, таа да биде реизбрана на сегашната функција. Таа во изминатите седум години се соочи со бројни предизвици, да се соочи со последиците од Ковид кризата и војната во Украина, што предизвикаа раст на инфлацијата. Не само што неколкупати ја зголеми основната каматна стапка, туку и воведе законски измени за да ја зајакне стабилноста на банкарскиот сектор во земјава. За време на нејзиниот мандат,беше направен историски чекор во поглед на прекуграничните плаќања кога  Македонија стана членка на Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, но една од црните дамки во изминатите 7 години е и пропаѓањето на Еуростандард Банка во 2020-та година во најголемиот ек на пандемијата.

Реклама

Едно од најистурените имиња за избор на нов гувернер е и поранешниот министер за финансии во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески. Тој својот кариерен пат го почнал токму во Централната банка, по што стана државен секретар, а потоа министер за финансии и вицепремиер за економски прашања. Неговата биографија вклучува и работа во Светска банка во Вашингтон кадешто бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки..

Неговиот претходник на местото министер за финансии Трајко Славески е исто така едно од најсериозните имиња за прв човек на НБМ. Тој е долгогодишен почитуван  професор на Економскиот Факултет во Скопје и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Поранешната Вицегувернерка на Народната Банка , Маја Кадиевска Војновиќ е исто така сериозен кандидат за посакуваното место гувернер на Народната Банака. Таа има сериозно долгогодишно искуство во областа на монетарната политика.  Во моментов е членка на Надзорниот одбор на КИБС, како и член на Надзорниот Одбор на Стопанска банка Битола.

Според законските прописи, гувернерот се избира на предлог на претседателот на државата, а се гласа во Собранието на Македонија, за што е потребно просто мнозинство или 61 глас од вкупниот број пратеници во законодавниот дом.

Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, ги контролира банките и слично.

Очекувањата се дека нема многу да се чека на избор на нов гувернер и дека прдлогот на Претседателот наскоро ќе пристигне на гласање во законодавниот дом.