Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Економија

🎥 Трипуновски: Со кампања „Македонско најдобро“ до поголемо домашно производство

Со кампањата „Македонско најдобро – нашата традиција,  наша гордост“ до поголема промоција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со кампањата „Македонско најдобро – нашата традиција,  наша гордост“ до поголема промоција на домашното земјоделско производство. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е оптимист дека со обележувањето на македонското овошје, зеленчук, јајца и конзервирани прехранбени производи во маркетите ќе се стабилизираат цените и ќе се зголеми производството на храна. Во моментов течат последните логистички подготовки пред маркетите и продавниците да ги обележат производите.

Бизнисмените ја поздравуваат идејата и активно ќе учествуваат, но засега прават само анализи околу евентуалното намалување на цените на производите.

Министерството за земјоделство е активно вклучено во анализата за креирање мерки во борба со растечката инфлација. Трипуновски вели дека преку исплата на субвенции и финансиска помош, интензивно се работи на зголемување на домашното земјоделско производство. Првите ефекти веќе биле видливи – зголемените се количините на пченица со што се задоволуваат домашните потреби.

Реклама

Инаку, премиерот во неколку наврати напомена дека инфлацијата во јули растела поради поскапување на услугите во транспортот и угостителството, а помалку поради храната. За еден месец цените на храната се зголемиле за само 0,3%, додека во јули храната и безалкохолните пијалоци биле поскапи за 6,8% споредено со истиот месец лани.