Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Трипуновски од Ресен: Сите земјоделци да ги пријават штетите од ниските температури од понеделник, за да можат да се обесштетат

„Денеска сум на работна посета во Ресен, утрово имав состанок со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Денеска сум на работна посета во Ресен, утрово имав состанок со градоначалникот и со советниците. На состанокот разговаравме за ситуацијата која што го погоди овој регион, односно за ниските температури кои што беа изминативе денови,“ истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Сакам да информирам дека веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на кој што сите земјоделци треба да пријават ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови,“ појасни министерот.

Министерот Трипуновски ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени кои што се направени на терен.

Реклама

„Ние како Министерство, како Влада ќе излеземе во пресрет и ќе ги обесштетиме сите земјоделци кои што претрпеа штета од овие ниски темперетури,“ нагласи министерот.