Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Трипуновски од Пробиштип: Ги слушаме проблемите и предлозите на земјоделците и заеднички носиме решенија и мерки

Во Пробиштип денеска се одржа 13-тата трибина во рамките на кампањата „Гласот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пробиштип денеска се одржа 13-тата трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

-Кампањата се реализира преку два големи тима кои одржуваат трибини во повеќе општини, како и шест помали тимови кои посетуваат населени места, со цел да се презентираат сите актуелни мерки, реализирани активности и идни планови на Министерството, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Како што соопшти МЗШВ, министерот додал дека вториот дел од трибината е посветен на директна комуникација со земјоделците, каде тие поставуваат прашања и даваат свои предлози и сугестии.

Реклама

-Општина Пробиштип има над 1.400 регистрирани земјоделски стопанства, некаде околу 4.000 хектари обработлива земјоделска површина од кои што 2.100 хектари се во сопственост на државата поделени со договор на околу 159 корисници – посочи министерот, додавајќи дека во наредниот период ќе продолжат со посета на другите делови низ државата.