Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Годинава ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешната посетат на општина Неготино во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој регион.

-Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од производството е насочено кон лозарството, по што овој регион е препознатлив, истакна Трипуновски.

Додаде дека целта на посетата е директна комуникација со земјоделците, како и презентирање на актуелните политики на Министерството и истакна дека ваквите средби се клучни за креирање на идните политки во агросекторот.

Реклама

-Се наоѓаме во делот на Тиквешијата, регион што е познат по квалитетот на македонското грозје. Регион каде што се произведува македонско квалитетно вино, кое е барано надвор од нашите граници, посочи Трипуновски.

Нагласи дека минатата година беше успешна, имаше берба со над 120 милиони килограми македонско грозје. Оваа година, како што кажа, очекува да биде уште поуспешна затоа што се работи на системите за наводнување, за да има навремена количина на вода, системите се санираат за да бидат во полна функција.

-Како Министерство продолжуваме посветено да работиме, потенцира Трипуновски.