Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Трипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не се откупи согласно договорените цени

Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе се корегираат“, изјави министерот.

Тој апелираше до земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка за да се откупи по договорените цени.

Реклама

„Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откуп“, појасни Трипуновски.

„Во наредните денови ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите каде што ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката“, изјави тој.

Министерот вети дека земјоделците оваа година треба и ќе бидат задоволни од откупот и пласманот на пиперката.