Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Триесет милиони евра за земјоделството – Владата со поддршка за фармерите во време на зголемени трошоци

Триесет милиони евра одвои Владата за развој и модернизација на македонското земјоделство.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет милиони евра одвои Владата за развој и модернизација на македонското земјоделство. Последната транша од субвенциите се заокружи вчера, со исплата на млекопроизводителите, а министерот Трипуновски, најави дека преку програмата за директни плаќања, ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина. Од Министерството за земјоделство се во постојана комуникација и со Брисел за откочување на ИПАРД фондовите.

„Со носењето на програмата за директни плаќања за 2026 година тоа беше негде на почетокот на 2 месец, до практично вчерашниот  ден кога имаше последна  исплата, се исплатени околу 30.000 евра, последната исплата се однесуваше на млекопроизводителите, изјави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Според Националната федерација на фармери, недостигот на работна сила и ниските откупни цени се главните предизвици со кои со соочуваат македонските земјоделци. Дополнително загрижува и фактот од растот на цените на нафта и репроматеријали и ѓубриња по војната на Блискиот исток. Од Владата велат дека внимателно ги следат состојбите и најавија дека ќе бидат превземени конкретни мерки со цел земјоделците, не се соочат со ценовен шок.

Реклама

„Она што е важно во делот на цената на ѓубривата и на нафтените деривати, е дека како Министерство ги следиме состојбите секојдневно. Ќе видиме во каков правец ќе се движат. Доколку има потреба, нормално, како Министерството ќе излеземе со конкретни мерки и предлози за санација на таквата состојба“, изјави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Во меѓувреме, одржани се и низа состаноци со здруженијата на одгледувачи на овци и претставници на месната индустрија. Трипуновски не очекува проблеми при откупот на јагнето за кое кланиците понудиле цена од 260 денари за откуп од лице место. Пикот се очекува веќе следната недела пред Велигденските празници.