Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Тргнете ги недостатоците или клуч на врата: Владата со мораториум им дава последна шанса на угостителите

Владата се уште размислува кога да воведе мораториум за објектите кои не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се уште размислува кога да воведе мораториум за објектите кои не ги исполнуваат условите за работа. Идејата е да им се остави простор да ги отстранат пропустите, а по истекот на тој рок да влезе инспекција и да провери дали е се во ред. Засега не се знае колку време мораториумот ќе трае. Откако рече дека 70 до 80 проценти од исконтролираните објекти не работат согласно прописите, сега премиерот Мицкоски вели дека ќе им биде даден одреден временски период да ги отстранат неправилностите.

„Суштината е сите оние кои доставиле документи, а не ги исполнуваат согласно вонредните надзори на ДПИ да ги исполнат условите. Тие секако нема да работат во тој период, туку тој период ќе го искористат да ги отстранат недостатоците. Ова не може да се претвори во „преки суд“ зашто нешто што е повеќе од 30 години погрешно направено за 9 месеци се обидуваме да го канализираме и да го ставиме во ред, ова ќе биде обемна операција, изминативе денови слушнавте колку дозволи се суспендираат и колку лиценци и објекти се затворени“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Меѓу оние кои не биле изградени согласно законите или не работеле спопред прописите нема само угостителски објекти, туку и јавни објекти како градинки, училишта, пензионерски домови.

Реклама

Досега инспекциските служби извршиле 116 вонредни надзори врз угостителските објекти во Македонија. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши информира дека биле изречени 10 привремени забрани за работа. Дури 15 од 23 објекти кои поседуваат легални лиценци за дискотека, кабаре, ноќен бар не ги исполнувале условите за работа. На 6 им била истечена лиценцата и работеле на диво. Инспекторите изрекле и 60 глоби.

Министерството за економија во моментов работи на измени на Законот за угостителска дејност со кои ќе се овозможи проверка на исполнувањето на минимум технички услови за работа пред давање на лиценцата. Контролата задолжително ќе ја врши Државниот пазарен инспекторат. Новите измени предвидуваат и забрана за работа по одземање на лиценците, ако се утврди дека оние кои ги поседуваат не работат согласно законите. Глобите за прекршителите драстично ќе се зголемат.