Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Треновски: Во новиот буџет кратења мора да има, Македонија е зрела за даночна реформа

Економијата е оставена во лоша состојба, па затоа новата Влада треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата е оставена во лоша состојба, па затоа новата Влада треба да се зафати со суштински реформи –дел од аналитичарите со препораки пред усвојувањето на буџетот за догодина. Дел од нив велат дека Македонија најчесто има слично ниво на раст како и нашиот најголем трговски партнер, Германија, која се уште е во криза. Сметаат дека догодина геополитичките ризици остануваат, инфлацијата забавува, но реформите и борбата со корупцијата можат да дадат ефекти.

„Ако продолжиме да функционираме како досега, економскиот раст никогаш нема да надмине 2,2% до 4. Тоа беше прогнозата. Ако промениме, неформалната економија дава најмногу резултати, значи економските реформи 30 до 50% растот го зголемуваат во првите 3 години. Во 4-та, 5-та и 6-та година, институциите и владеењето на правото. Растот после 7-мата, 8-мата година се дуплира, односно ги добиваме посакуваните 5%“ – вели Борче Треновски – универзитетски професор.

Професорот Борче Треновски кој неделава учествуваше на Конференција за фискална одржливост во Тирана, порача дека Македонија е зрела за даночна реформа. Тој смета дека Владата треба сериозно да се зафати со намалување на сивата економија, а тоа значи и вработување на повеќе инспектори, да размисли дали ќе посегне по зголемување на одредени даноци и дополнително да ги намали преголемите даночни ослободувања и олеснувања.

Реклама

„Кога велиме реформи, мислиме на 30, 40, 50 мерки во сите сектори. Тука зборуваме во делот на нови даноци поврзани со нови современи даноци на имот, даноци на карбон, даноци поврзани со акцизи за тутунот, за луксузни добра и други даноци со кои можеме да го осовремениме системот. Освен тоа, олеснувања имаме бројни, имаме комплициран даночен систем. Тој мора да го поедноставиме. да ги намалиме олеснувањата, да ја прошириме даночната база. Имаме уште еден проблем, собирањето на нашите приходи. Имаме стотици милиони евра несоберени“ – вели Борче Треновски – универзитетски професор.

Се додека социјалните трансфери зафаќаат огромен дел од буџетот, економскиот развој ќе биде лимитиран, бидејќи нема голем простор за меневар при користењето на парите. Зголемувањата на платите и пензиите го оптоваруваат буџетот, но капиталните инвестиции мора да се реализираат, алармираат аналитичарите, бидејќи во моментов тие не даваат ефекти, односно го потиснуваат, наместо да го поттикнат приватниот сектор. Бизнисите имаат инвестициски циклуси до максимум година и пол, само поради политичката несигурност и честите промени. Кратења на буџетите мора да има во сите министерства – вели Треновски.

„Тоа ќе биде непопуларна мерка, меѓутоа ќе мора конечно ефикасно да се направи реформата за која се зборуваше. Тоа може да се направи по министерства. Конечно кога ќе знаете со кој расход што треба да се направи, вие ќе знаете дали го исполнил тоа, дали дава резултати или треба да се скрати. Ние се уште не знаеме, се уште се бориме за поголеми расходи, а никој не ги гледа резултатите од тие расходи – каква вредност има од некој расход, од некоја мерка што е направена. Треба да има и одговорност од надлежното министерство, ако ја спровело мерката и нема резултати и ако не е добра, истата да се намали, да се скрати, да се пренасочи расходот итн“ – вели Борче Треновски – универзитетски професор.

Министерството за финансии ги прави последните пресметки за буџетот за 2025-та година. Министерката Димитриеска Кочоска најави дека очекува 3,5% раст догодинаи 4% дефицит. Уверува дека економијата ќе ја поттикнат инвестициите, а не потрошувачката. Во стратегијата за јавен долг се планира тој да се намали до соодветно ниво од 60% од БДП до крајот на 2029-та година.