Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Свет

Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска, кога треба да разговараат за војната во Украина, да пропадне.

-Тој состанок ќе го отвори патот за друг, но постои 25 проценти веројатност дека овој состанок во Алјаска да не биде успешен, рече американскиот претседател во интервју за радио „Фокс њуз“.

Трамп денеска изјави дека верува оти неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе се согласи на договорот и дека заканата од санкции против Русија веројатно ја натерала Москва да побара средба.

Реклама

„Тој навистина, сега верувам, е убеден дека ќе склучи договор, ќе склучи договор. Мислам дека ќе склучи и наскоро ќе дознаеме“, рече Трамп во интервјуто.

Американскиот претседател процени дека секој договор за прекин на војната во Украина треба да помине низ трилатерален самит со Владимир Путин и Володимир Зеленски, што би следел по утрешниот состанок со неговиот руски колега во Алјаска.

-Вториот состанок ќе биде многу, многу важен, бидејќи ќе биде состанок на кој ќе се постигне договор. И не сакам да го користам терминот „поделете ги работите“, но на некој начин не е лош термин. Ќе има давање и земање кога станува збор за граници, територии“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Трамп повтори дека ако утрешниот состанок помине добро, ќе го покани украинскиот претседател Зеленски на вториот состанок, што би можел да се одржи на различни места, вклучително и во Алјаска.

Зборувајќи за прес-конференцијата по средбата со Путин тој рече дека „би било убаво“ двајцата да разговараат со печатот, но ако работите не одат според планот, нема да има заедничка прес-конференција и тој самиот ќе се обрати на печатот пред да се врати во Вашингтон.

Би-Би-Си потсетува дека и Кремљ и Белата куќа објавија дека лидерите ќе одржат заедничка прес-конференција по утрешните разговори.

Претходно денеска Путин рече дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина и наговести дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за нуклеарно оружје како дел од пошироките напори за градење мир.