Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Трамп на виртуелна средба со европските лидери

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговиот потпретседател Џ. Д. Венс учествуваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговиот потпретседател Џ. Д. Венс учествуваат на виртуелен состанок со лидерите на европските земји. Британските медиуми наведуваат дека европските лидери прво ќе одржат меѓусебен видео состанок за да ги координираат своите позиции пред да разговараат со Трамп за неговите претстојни преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Неизвесноста околу исходот од руско-американскиот самит предизвика стравувања во Европа дека Трамп и Путин би можеле да донесат далекусежни одлуки, па дури и да извршат притисок врз Украина да прифати неповолен договор.

Видеоконференцијата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Германија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Полска и Европската унија, според германската влада, е во тек бидејќи беше закажана за 14 часот, а на него е најавено присуство на генералниот секретар на НАТО.

Реклама

Средбата меѓу Трамп и Путин ќе се одржи в петок, 15 август, во Енкориџ, Алјаска.