Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Трајановски: СДСМ не ги завршија патиштата затоа што беа заложници на ДУИ

Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби и никогаш немаше да бидат завршени заради фактот што ДУИ немаше интерес во делниците Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново. Причината е јасна и бизарна – немале членство таму, односно не би добиле гласови со овие експресни патипшта. Потврда на сомнежот во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски даде и директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој во рок од десетина дена и по само шест месеци на функцијата со многу работа и труд успеја да ги пушти во употреба делниците Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново.

„Може и од тој аспект да се гледа, со оглед на тоа дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта беше од ДУИ. Во една прилика, ова е неофицијално има речено „Па слушај, ние немаме гласови таму, нека си оди работата, нека си тече, ама без голем притисок.“ Значи, без голем притисок кон изведувачите, кон надзорот, кон подизведувачите и сето тоа, така што и тука можеме да најдеме некоја поента во незавршувањето на патиштата“ посочи Трајановски, кој цени дека главната поента е дека оние луѓе кои што биле на власт од СДСМ, кои биле задолжени за работите, ресорното министерство и  функционерите од тој крај можеле да направат еден поголем притисок за да тоа се заврши. Но, никогаш не го сториле тоа.

„Велат дека асфалтото бил направен во нивно време на Страцин-Паланка, но јас бев многу јасен и прецизен во својот говор – во делот на компанијата „Штрабак“ од 15.5 километри, немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт! Дури и земјените и тампонските работи не беа завршени“, потенцира Коце Трајановски.

Реклама

На фалбите на СДСМ дека тие цели завршиле цели 92 насто од правецот Градско-Дреново, Трајановски посочува дека малку е комично по една година целосен застој да тврдите дека само осум насто останале за пуштање на експесниот пат.

„Малку е смешно, ако вие само за тие осум насто не сте успејале да го завршите за година дена, во тој случај се рпашуваме кога би ги завршиле тие 8%, со оглед на тоа дека година дена пред јас да дојдам за директор на ЈПДП, година дена компанијата „Штрабак“ беше повлечена од оваа траса – значи немаше вработени, немаше опрема, немаше механизација, се’ беше оставено. Имаше два анекси, не беа потпишани, а бидејќи ова е преку ИПА фондовите, 71% е од ИПА грант, односно 28 милиони евра од вкупно 37,5 милиони, а останатото е финансирање од државата. Кога дојдовме на позиција, со ангажирање на министерството за финансии, на министерството за транспоорт и министерот Николоски и мое ангажирање, успејавме да го надминеме тој проблем, тие два анекси да се потпишат, работеше еден голем тим на луѓе 20 до 30 дена и заедно со ЕК делегацијата тоа се прифати и почна да се плаќа. Во прашање беа околу 13.5 милиони евра, не беа ни исполатени. Сега, како можеш ти да кажеш дека си завршил 92%, а само 8% не си завршил, а практично година дена не се работеше, беше стопиран тој пат“ објасни Трајановски во емисијата на ТВ Алфа.