Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Караванот „Ероп ред“ подадена рака за поврзување на македонската и француската култура

Задоволство ми е да ја претставувам Амбасадата на Франција овде на настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволство ми е да ја претставувам Амбасадата на Франција овде на настанот што прерасна во традиција и по шести пат „Ероп ред“ е пречекан со отворено срце и пријателство во Крива Паланка, изјави Марк Брезиа, офицер за безбедност на Амбасадата на Франција во Македонија во обраќањето на франкофонскиот настан посветен на пристигнувањето на солидарниот француски караван во единствениот македонски град-домаќин на авантуристите на 4 тркала.

Според него, ова авантуристичко патување е исклучително искуство за сите учесници, но е и солидарен проект што носи поддршка за училиштата ширум Европа и со тоа дава дополнителна човечка димензија.

-Настанот му користи најмногу на овој град што со својата убавина дава позитивна слика за Северна Македонија, а посветеноста на Елена Николовска ги поврзува двете земји веќе шест години, додаде Брезиа.

Реклама

Познатиот авантуристички солидарен француски караван „Ероп ред“ со над 25 екипажи автомобили Пежо 205 пристигна попладнево во Крива Паланка и по шести пат беше повод за организација на двочасовна франкофонска програма, како и културно -уметничка програма што ја презентира македонската традиција и култура.

Настанот се одржа во дворот на основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски“, под покровителство на Општина Крива Паланка.

-Во време кога се светот се соочува со поделби, вие сте доказ дека Европа се гради и преку вакви пријателства, почит, солидарност и соработка. Секој што патува остава траги, но вие оставате траги во срцата на нашите деца, а оваа соработка, благодарение на професорката Елена Николовска, со која носите опрема за учениците, носи и порака дека децата не се сами, дека некој мисли на нив, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Жулиет Бертран, координатор за логистика на „Ероп ред“, истакна дека денеска повеќе од 25 екипажи допатувале со училишни материјали, секој автомобил со околу 70 килограми опрема , спортски реквизити, уличиштен прибор, спортски реквизити и други за учениците и граѓаните на Крива Паланка што ќе бидат соодветно распределени.

Крива Паланка шеста година е домаќин на караванот што во име на меѓународната солидарност на почетокот на август тргна од Париз, носејќи училишна и спортска опрема што организаторите ја донираат на училишта во Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и во Северна Македонија. 

Поминувајќи 8.000 километри за 20 дена, секој тим од караванот носи училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, разни друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони од овие држави, со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.

Професорката по француски јазик Елена Николовска од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски“ што ја воспостави првичната соработка, упати благодарност до „Ероп ред“, како и до општината, до градоначалникот Сашко Митовски, директорката на ООУ „Св Јоаким Крчовски“ Анета Стојковска и заменичката Биљана Пешовска.

На настанот присуствуваа и Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието и Марија Варсамис Симоновска, претседателка на Здружението на професори по француски јазик.