Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Во Велес заврши тридневната Регионална обука за превенција од употреба на дроги во средните училишта

Невладината ХОПС – Опции за здрав живот Скопје продолжи со циклусот регионални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невладината ХОПС – Опции за здрав живот Скопје продолжи со циклусот регионални обуки за јакнење на капацитетите на стручниот кадар во средните училишта за превенција од употреба на дроги. Тие во Велес од 11 до денеска попладне 13 август, ја реализраа шестата од вкупно деветте предвидени регионални обуки, на која учествуваат 20 – тина  претставници од средните училишта од регионот – наставници, психолози, педагози, социјални работници и друг стручен кадар.

Предавач беше проф. д-р Лилјана Игњатова назначена од  Медицинскиот факултет во Скопје, која работи и како доктор во Центарот за зависности од превенција и третман на болести на зависност.

На тридневната работилница беше посочено дека по дрогите почесто посегнуваат млади кои имаат проблеми во семејството и млади кои се срамежливи, па со употреба на дроги сакаат да станат забележителни во друштвото, а многумина пробаат и од љубопитство. Сите млади не’ исто поднесуваат дроги, а некои по кратко консумирање на дроги завршуваат како пациенти на лекување во Центрите за зависности и се на долго и тешко лекување, а и дека капацитетите за тоа се мали во земјава а нема и доволно стручен кадар. 

Реклама

Како што појасни проф д-р Игњатова во овој 21 век дрогата не се набавува само по градските ќошеви, туку и преку интернет и патува со карго, а што е многу тешко да се контролира и со кој пробем се соочуваат европските земји, вклучително и Македонија. Посочи дека голема опасност се и новите произведени психоативни супстанци.

-Тие се таканаречени легални, кои за жал засега во земјава не можат да се детектираат и не може да се обезбеди доказ дека е дрога, бидејќи по хемискиот состав има мала промена па таа не дозволува да се препознае дека тоа е дрога од типот на кокаин, амфетамин и други. А тоа е сериозен предизвик не само за нашата земја туку и за земјите од Европа, а кои имаат системи за рано предупредување, посочи Игњатова.

Игњатова рече дека освен за средношколците постојат и програми за превенција од дроги за основните училишта и за најмладите, децата од градинките.

Таа информира дека со години наназад прави превентивни програми во земјава и странство за заштита од дроги за разни целни групи. Таа  најпрво ги напишала стандардите за превенција од дроги, ја направила програмата за средните училишта и при крај на изработка е на прирачникот по кој ќе се водат обучени кадри во средните училишта во земјава.

-Програмата содржи 16 работилници затоа што едно двочасовно предавање не дава резултат. Работилниците се дел од три модули: првиот модул е за давање на информации на наставниците, како да работат на промена на ставовите и нормативните верувања на учениците поврзано со дрогите, како дрогите делуваат на мозокот и кои се последици од тоа. Вториот модул е поврзан со давање можност на учениците да научат социјални вештини кога ги имаат тие информации и ги знаат штетните последици како да одбијат да експериментираат или да пробаат дрога или било која психоактивна супстанца под притисок на врсниците. Да ги научат комуникациските вештини на асертивна комуникација која е со јасно гласно, со почитување а не агресивно да го кажат својот став и одбијат користење на дрога. Третиот модул е со лични вештини. Треба се’ заедно да се спроведе во еден подолг период за да имаат време децата да ги процесираат работите што ги учат, да ги вежбаат во заштитена средина на работилниците, но и во пракса надвор од работилниците, вели Игњатова.

Според неа, во земјава во моментов има  многу малку лекари се,а кои се бројот на една рака кои се занимаваат со оваа проблематика. Таа информира дека во Скопје работат само три психијатри од јавното здравство,а има и неколку приватни психијатру каде третманите се наплаќаат. Во другите градови во земјава ги има по едвај еден до двајца и проблемот е што и тие наскоро ќе се пензионираат.

Како светол пример во земјава таа посочи дека преку Министерството за здравство моментално се реализираат три проектни активности на ТАЕКС програмата од која едната е за стратегија и акциски план.

Во рамки на Регионалниот проект досега се подготвени Национални стандарди за превенција, Програма за превенција, Прирачник за спроведување на програмата и Документ за политики. Паралелно, воспоставена е институционална соработка со МОН, Министерството за здравство и ИЈЗ, со кои се потпишани меморандуми за соработка. Прирачникот кој е во завршна фаза пред печатење, ќе им биде поделен на претставниците од средните училишта идни обучувачи до крајот на септември.

Досега се реализирани пет вакви обуки за заштита од дроги: во Скопје, Охрид, Битола и Штип и Велес, на кои беа опфатени повеќе од 130 професионалци од средните училишта. Вкупно се предвидени девет регионални обуки во сите осум плански региони во Северна Македонија. Обуката се реализираше со финансиска подршка од Европската Унија, преку проектот „ЕУ за тебе“.