Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Традиционален новогодишен прием во амбасада во Тирана, за првпат доделени признанија за високо вреднување

Во празнична атмосфера, македонската амбасада во Албанија го одржа традиционалниот новогодишен прием…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во празнична атмосфера, македонската амбасада во Албанија го одржа традиционалниот новогодишен прием за припадниците на македонската заедница и драгите пријатели во Република Албанија.

-Овој настан, кој со години претставува симбол на заедништво, почит и пријателство, оваа година доби и посебна димензија. За првпат, амбасадата додели две признанија како израз на благодарност и високо вреднување на искрената поддршка, соработката и пријателството, објави амбасадата.

Признанието „Соработник на годината“ му беше доделено на Ендрид Фетаху, како знак на признание за неговиот континуиран ангажман, професионалност и значаен придонес во унапредувањето на соработката со македонската амбасада.

Реклама

Признанието „Пријатели на годината“ им беше врачено на Андрија и Катерина, како симбол на искрено пријателство, отвореност и поддршка.

– Македонската амбасада во Албанија останува посветена на јакнење на врските со македонската заедница и на градење трајни пријателства засновани на меѓусебна почит, доверба и соработка. Со најискрени желби за здравје, мир и успех во Новата година, посакал Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор.

Претставниците на македонската партија, здруженија и друштва, се заблагодариле за почитта, оценувајќи дека „ваквите средби се силен мост на поврзување, соработка и заемна поддршка и оти заедничкото испраќање на 2025 година и пречекот на Новата 2026 година носи порака на надеж, сплотеност и нови успеси“.

– Продолжуваме заедно, со почит кон македонската култура, корените и поглед кон иднината, порачале, стои во објавата.