Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Трајанов: Сведочиме на психолошка војна на Балканот за наводно прекројување граници, но нема да се случи ништо

Градењето на инклузивни и отпорни заедници е многу важно, имајќи ги предвид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градењето на инклузивни и отпорни заедници е многу важно, имајќи ги предвид последиците од војната на Блискиот Исток. Во една ваква сложена состојба на Балканот, сведочиме на психолошки притисоци преку нагласувањето на воените капацитети и вооружувањето, анализи и дебати за наводни судири и прекројување на граници, предупредува Павле Трајанов – национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

„Македонија е мирна и стабилна држава и има усогласена безбедносна политика со политиките на ЕУ и силни релации со САД како наш стратешки партнер. Но сепак, последиците од војната на Блискиот Исток се видливи насекаде. Растот на цените на енергијата го има и секако ќе има последици и кај нас. Во Македонија има неколку вида на екстремизам – верски, идеолошки и етнонационален радикализам“, изјави Павле Трајанов, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

И геополитичката аналитичарка Нела Јакшиќ вели дека состојбата во Македонија е релативно стабилна, но дека сепак ќе се соочиме со инфлација и економски предизвици, а со тоа и зголемување на цените. Според неа, потребна е континуирана анализа за воведување дополнителни мерки.

Реклама

„Сметам дека мерките се досега соодветно преземени, со оглед на актуелните геополитички случувања и самиот политички дискурс во која насока се одвива. Сметам дека треба да се биде во чекор со останатите случувања и да се воведуваат нови мерки во континуитет“, изјави Нела Јакшиќ, геополитички аналитичар.

Многу е важно институциите да соработуваат со невладиниот сектор, системот за превенција да се гради дополнително, да се подобри законската рамка и посебно да се вклучи и локалната самоуправа, заклучија од Здружението на млади правници – организатори на денешната трибина.