Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Тошковски: Со „Оne stop“ системот на „Табановце“ неколкукратно е намалено времето на чекање

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја посети граничната рампа „Табановце“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја посети граничната рампа „Табановце“, каде лично се запозна со функционалноста на новоимплементираниот „One Stop“ систем за заеднички гранични проверки.

Тошковски истакна дека со овој систем, кој ги интегрира прегледите на двете страни на границата, веќе се овозможува значително побрз проток на луѓе, патници и стоки, со елиминирање на двојните контроли и намалување на времето на чекање.

„Во август минатата година на овој премин имавме 1.247.747 патници, а годинава дури 1.602.939. Времето на чекање во 2024 изнесуваше од 3 до 4 часа, додека оваа година со ‘One Stop’ системот е сведено на 30 минути до 1 час“, посочи министерот, нагласувајќи дека бројот на патници е зголемен за 29%, а времето на чекање неколкукратно намалено.

Реклама

По посетата на границата, Тошковски имаше средба со раководството на СВР Куманово. Тој соопшти дека состојбата во регионот е стабилна и мирна, со зголемена откривачка дејност во областа на економскиот криминал и намалување на бројот на сообраќајни несреќи со жртви.

„Со ставање во функција на системот ‘Safe City’, каде Куманово е во првите три града, очекуваме значително зголемување на сообраќајната безбедност и јавниот ред и мир. Потврдуваме дека полицијата е целосно подготвена да ги гарантира демократските и фер избори на претстојните избори“, нагласи министерот Тошковски.

Целата објава и фотографии може да ги погледнете на официјалниот фејсбук профил на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на следниот линк: