Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Тошковски: Левица се храни со народниот гнев, СДСМ при трагедии имаат 0 кривични, а ДУИ да каже каде е Груби

„Привезоци на ДУИ“ и „политички паразити“ – три партии, различни во својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Привезоци на ДУИ“ и „политички паразити“ – три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, се здружиле во обидот да фрлат сенка над расчистувањето со корупцијата и ставањето крај на политиката на неказнивост, она што три децении го чека македонскиот народ, остро одговара министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на обвинувањата од СДСМ, ДУИ  и Левица.

„Правдата конечно ги допира оние кои мислеа дека ќе бидат засекогаш недопирливи“, тврди Тошковски, алудирајќи на функционерите од ДУИ, од кои дел, како што вели, без срам зборувале за одговорност, а други се разбегале кога почувствувале дека за прв пат законите се над партијата.

  • Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеја дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал, одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата. Па би сакал вака јавно да ги прашам: Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ“ реагира министерот Тошковски.

Тошковски со остри тонови и кон Социјал-демократите кои истрагата за Кочани ја категоризираат со селективност и неправда. Министерот за внатрешни ги потсетува дека за несреќите со Дурмо турс, Беса Транс и пожарот во тетовската модуларна болница, МВР под палка на СДСМ не поднесе ниту една кривична пријава.  

Реклама
  • Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале“ напиша Тошковски.

За Тошковски, Левица се политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните денешни партнери, ДУИ и СДСМ. Тие вчера поднесоа нова интерпелација за министерот за внатрешни, првиот рок откако истекоа 90 дена од претходната од интегративците. Иницијативата за одговорност, за министерот се доказ дека за одлучностадека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.