Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци 

Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци онаму каде што го нема  системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе регистрираат прекршоци на учесници во сообраќајот.

Како што рече, возачите веќе научиле каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат правилата, но каде што нема камери – „повторно имаме поинаков тип на управување моторно возило“. 

– Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние што несовесно ги управуваат моторните возила полека нучија каде се камерите и тоа е добро. Е, сега, не ќе може да претпостават каде ќе бидат полициските возила. Тие ќе може да констатираат прекршок и тој директно ќе биде внесен во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување, процесирање на сите прекршоци – изјави Тошковски по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030.

Реклама

Додаде дека оваа мерка ќе биде многу клучна, особено во насока на остварување на целите на стратегијата. 

Тошковски соопшти дека до крајот на овој месец во СВР Струмица и градовите што ги покрива овој сектор за внатрешни работи треба да заврши воведувањето на системот „Безбеден град“, а потоа ќе биде имплементиран во СВР Штип. Очекува до крајот на годината или почетокот на 2027 системот да се применува на целата територија на државата.