Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети, потпишан и меморандум

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на отворањето на Европското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на отворањето на Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од четврток до недела ќе се одржи во Скопје. Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.

„Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо – чест и задоволство ни е што ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа. Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт“, потенцираше министерот.

Министерот Тошковски информираше дека беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија.

Реклама

„Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски на учесниците на првенството им посака да победи спортскиот дух на младите.