Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Тонин: Усвоениот извештај во АФЕТ точно да ја одразува моменталната состојба во земјата

Денеска усвоениот извештај за Македонија од страна на Комитетот за надворешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска усвоениот извештај за Македонија од страна на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) претставува компромисен текст, кој точно да ја одразува моменталната состојба во државата, порача известувачот во сенка на ЕП за земјава, словенечкиот европратеник Матеј Тонин.

-Резултатот е добро избалансиран документ, кој ефикасно ги вклучува многу од амандманите предложени од членовите на групата на Европската народна партија, нагласи Тонин, кој доаѓа од редовите на партијата Нова Словенија, членка на ЕПП.

Во писмената изјава Тонин нагласува дека во документот „особено внимание е посветено на итната потреба од усвојување на уставните амандмани што ги побара Советот на ЕУ во јули 2022 година, вклучително и вклучувањето на бугарските граѓани во Уставот“.

Реклама

-Овој чекор е суштински услов за унапредување на процесот на пристапување. Затоа ги повикувам сите политички сили во Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, да се зајакне мултиетничкиот карактер на земјата и да се промовира социјалната кохезија. Цврсто го поддржувам патот на Македонија кон пристапување во ЕУ. Откако ќе се завршат уставните измени, може да започне процесот на преговори, додаде Тонин во изјавата.

АФЕТ на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.