Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Тим од Гетеборг во посета на Кочани како чин на солидарност

Времето не можеме да го вратиме, ниту пак да ја залечиме болката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времето не можеме да го вратиме, ниту пак да ја залечиме болката , но затоа пак можеме да понудиме модули кои ќе помогнат раните побрзо да заздрават, порачаа членовите на делегацијата од Шведска која денеска пристигна во Кочани. Во наредните неколку денови тие ќе споделат искуства за тоа како  успеале да се справат  со последиците од страотниот пожар во 1998 година, кога во  дискотека  во Гетеборг животот го загубиле 63 лица

 Изјава- Ами Ларсон Џаин-амбасадорка нa Шведска во Македонија

 „Ние го споделуваме вашиот очај и вашата болка . Истовремено видовме луѓе кои работеа ден и ноќ, за да им помогнат на децата и младите повредени во пожарот ги носеа во болниците овде и насекаде во Европа.. Кога започна трагедијата луѓето се соединија за да им помогнат и да направат нешто за оние  на кои помошта им беше неопходна. Оваа трагедија во Кочани не потсети нас, за пожарот во дискотеката во Гетеброрг каде загинаа 63 млади Швеѓани и над 200повредени „ изјави  амбасадорката Ами Ларсон Џаин

Реклама

Веќе трет месец  по пожарот во дискотеката Пулс, градот живее во тага и голема болка. Трагедијата во Кочани  е лекција која треба добро да ја  научиме  и да не дозволиме да се повтори.

   Изјава-Лина Ќостарова -Унковска-Центар за психосоцијална и кризна акција „Малинска„

  „Предизвиците денес се многу посложени. Како да им се пријде на луѓето и заедницата кои имаат толкава болка, а тоа да се препознае како помош. Како да се уважи потребата за правда , да се слушне и почувствува нивното страдање, а да се испочитува времето на тагување и борбата со загубата? Како да се надмине стравот од заборав?„ рече Лина  Ќостарова-Унковска, основач на Центарот за психосоцијална и кризна акција

   Изјава-Венко Крстевски-в.д градоначалник на Кочани

  „Три месеци Кочани живее во длабока криза емотивна, психичка и криза поврзана со  управување со секојдневието. За да се справиме со оваа трагедија помошта е повеќе од добредојдена„ изјави Венко Крстевски, в.д. градоначалник на Кочани .

Делегацијата од Шведска, меѓу кои има и повредени, социјални работници и пожарникари во наредните неколку денови ќе остварат контакт со сите граѓани кои имаат потреба од разговори, но и да разменат искуства  за тоа како полесно да ја  надминат  тагата и болката.